среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Мицкоски: Се обидуваат од петни жили да ги лажат граѓаните дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето

Мицкоски: Се обидуваат од петни жили да ги лажат граѓаните дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето

На новинарското прашање „Како Мицкоски ја коментира втората метла која ја најави Заев, а се уште не гледаме никаков ефект од метлата и смената на директорите и високите функционери?“, тој потенцира дека се обидуваат од петни жили да го лажат народот дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледнат на луѓето.

-Видете еве јас ќе ви дадам одговор што е поврзан со еден вистински настан што ми се случи. Еден пријател ме прашува, добро Христијан ти повеќе се разбираш во политикава, внатре си. Не ми е јасно зошто владиниот врв не беше заедно со вардарци кога ја славеа победата и титулата Европски шампиони. Одговорот е јасен, од една страна го имаме вистинскиот Јанус со две лица, човекот кој што на видео спотови ќе го видите насмеан, како лаже бесрамно и се фали со проектите на претходните Владини раководства и вели дека блескаме, а од друга страна се плаши, се срами, се препелка да излезе со 1о-тиците илјади македонски граѓани да им погледа во очи и да ја слави титулата на Европскиот шампион Вардар. Е тоа е денешната реалност во Република Македонија. Подбоениот лицемерен карактер на корумпирани и уценети политичари. Од една страна се обидуваат од петни жили да го лажат граѓанинот дека блескаме, нудејќи ја метлата, а од друга страна се плашат во очи да им погледаат на луѓето, затоа што знаат дека луѓето тога ќе бидат бескомпромисни, рече Мицкоски.

Коронавирус