петок, 14. мај 2021. Вести денес: 27
home Вести

Мицкоски: Се изборивме за клучни промени и подобрувања во законите за сведоци и следење на комуникации

Мицкоски: Се изборивме за клучни промени и подобрувања во законите за сведоци и следење на комуникации

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово гостување во емисијата ЅИД на ТВ Алфа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да стане од масата односно ќе ги поддржи закони кои што придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот граѓаните. Тој ги спомена трите клучни закони кои што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржаа во Собранието, а тоа е клучниот закон за заштитени сведоци кој што се избира со просто мнозинство односно 61 пратеник, другите два закони се законот за ОТА и следење на комуникациите.

-Она што успеавме да го испреговараме на маса, а е во интерес на граѓаните е каква беше затегнатата состојба. Затегнатата состојба беше посебен закон хибрид како законот за Специјалното Јавно Обвинителство, таква беше намерата да се донесе закон за заштитени сведоци. Ние ги аргументиравме нашите позиции и успеавме да го канализираме сето тоа во постојното законско решение за заштитени сведоци, односно сите обвинители во државата имаат на располагање совет кој што служи за промена на идентитетот на заштитените сведоци и има процедура како се поднесува барање и како се добива одговор од тој совет, односно кој може да биде заштитен сведок. И второ ги зголемивме казните при евентуално одавање на идентитетот на заштитениот сведок од 3 на 5 години затворска казна, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ успеало да аргументира пред владата на СДСМ дека не е потребен посебен закон, туку дека македонската легислатива е доволно сила и дека доколку се почитува она што е содржано во нејзе тогаш секој обвинител може да го испочитува своето право.

-Вториот закон за ОТА и за следење на комуникации е многу значаен за граѓаните, бидејќи во тој закон има регулирање на користењето на така наречените МЕТА податоци од граѓаните. МЕТА податоци ја претставуваат целокупната комуникација која што ја вршат граѓаните преку мобилен телефон. Со нашата аргументација успеавме да креираме европски компетативен закон и еден од најлибералните, а притоа ја намаливме можноста за евентуална појава на идни бомби. Односно со досегашното законско решение, МЕТА податоците операторите да ги користат една година ние го намаливме на 6 месеци. Законот предвидуваше директна комуникација помеѓу тајната служба и операторите, а ние воведовме посредник, а тоа ќе биде или Јавен Обвинител или судија. Третата суштинска придобивка е што се предвидуваше рок од 30 дена службите кои што ќе ги користат МЕТА податоците да го информираат Јавниот Обвинител за кои лица се искористени, ние таа обврска ја намаливме на 7 дена, рече Мицкоски.

Тој додаде дека за директор на ОТА ќе се избира со двотретинско мнозинство, наместо со просто мнозинство, бидејќи лицето кое што ќе биде назначен за директор треба да биде експерт, непристрасен во вршење на својата работа.

Коронавирус