петок, 23. јули 2021. Вести денес: 114
home Вести

Мицкоски: Се додека имаме криминалци во политиката не можеме да одиме напред, поради тоа луѓето се разочаруваат и си заминуваат од државата

Мицкоски: Се додека имаме криминалци во политиката не можеме да одиме напред, поради тоа луѓето се разочаруваат и си заминуваат од државата

„Власта работи селективно и удира само каде што може, затоа некои граѓани се чувствуваат како граѓани од втор ден. Луѓето се разочаруваат и си заминуваат од државата и се додека имаме криминалци и измамници во политиката Македонија не може да оди напред“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Охрид 1“.

Мицкоски посочува дека таков пример на селективност е рушењето на дивоградби во Охрид бидејќи се урнаа само неколку платформи без да им се даде шанса на луѓето, а други како тие на Нефи не ги чепкаа и ги оставаат да работат.

„Нечесно е едни дивоградби да бидат исклучок, а други правило. Некој ги толерирал и дозволувал тие бизниси да се шират и потоа наеднаш се појавуваат багери без притоа да добијат шанса за одбрана, а од друга страна носат закон за легализирање на дивоградби. Тогаш зошто бетонската база на Нефи не се руши, и таа дивоградба. Зошто никој не се осмелува таму да чепне. Зошто градоначалникот на Охрид не го направи тоа“, прашува Мицкоски.

Тој потенцираше дека овие луѓе се калкуланти и удираат само таму каде што мислат дека можат.

„Дивоградбата на Нефи не смеат да ја турнат, затоа што му должат, мандат, во кој има многу пари и рекет. Селективно е. Некои граѓани чувствуваат дека се граѓани од втор ред, луѓето се разочаруваат и ја напуштаат државата“, нагласи Мицкоски.

Коронавирус