четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

Мицкоски: Се чув со Јанша тој негира дека е кретор на документ за промена на границите, но ми спомна дека за некаков сличен документ разговара Заев, еве нека кажат за што станува збор

Мицкоски: Се чув со Јанша тој негира дека е кретор на документ за промена на границите, но ми спомна дека за некаков сличен документ разговара Заев, еве нека кажат за што станува збор

Јас денеска разговарав со премиерот на Словенија, господинот Јанша бидејќи сме ете и пријатели, тој пак друго ми кажа. Тој пак ми кажа дека Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев креирале сличен таков нон пејпер кој што се шири по Европа, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека можеби тој документ ќе биде познат на граѓаните на Македонија во многу скоро време.

„А, господинот Јанша ја пренесува својата неизмерна поддршка кон македонскиот народ, граѓаните на Македонија, кон Македонија и единствено иднината на Македонија ја гледа во рамките на обединета Европа“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека господинот Јанша иднината на Македонија ја гледа кон обединета Европа и да не се заборави дека токму тој за два месеци од денеска ќе претседава со ЕУ и ќе биде многу битен фактор.

„Господинот Јанша апсолутно го одбива документот. Тој вели дека не постои таков документ. Вели дека ниту сум кажал, ниту пак ме интересира, пренеси им те молам, моите поздрави, мојата поддршка неизмерна кон македонскиот народ, Македонија и јас иднината на Македонија не ја гледма во вакви квази сценарија создадени во комуњарски поранешни тинк тенкови, туку ја гледам исклучиво во обединета Европа“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека иднината на Македонија не е во прекројување на градиници туку само во обединета Европа.

Коронавирус