недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: СДСМ и Заев крвнички злоупотребуваа човечки несреќи само за да дојдат на власт

Мицкоски: СДСМ и Заев крвнички злоупотребуваа човечки несреќи само за да дојдат на власт

Гледам храбри и мотивирани луѓе. Луѓе кои се подготвени да победат и да си ја вратат Македонија на правата патека. Да си ја вратат Македонија на народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од вечерашниот митинг во Неготино.

-Ова што денес се случува во Македонија е една голема неправда. Нè прашуваат зошто велиме дека е неправда. Затоа што нема друг збор со кој може да се опише оваа реалност, ова секојдневие што денес се случува во Македонија. Се сеќавам кога овие исти луѓе шетаа по улиците, во главниот град често пати и фарбаа, велеа и се обврзуваа дека ќе дошол живот, ќе дошол мир, дека немало правда. Тоа што денес се случува во Македонија е огромна неправда која им се случува на граѓаните во Република Македонија.  Се сеќавате 2015-тата кога групно, во нивното седиште, на воајерски начин пуштаа определени материјали и велеа, ќе спомнам едно име нека му е лесна земја, го споменуваа новинарот Никола Младенов. Велеа дека овој човек не загина трагично во сообраќајна несреќа, овој човек е убиен, ние имаме материјали и тие материјали ќе ги презентираме на македонската јавност. Крвнички злоупотребуваа човечки несреќи за да години потоа ја видиме сопругата на тоа реномирано новинарско перо, која вели дека нејзиниот сопруг загинал поради неприлагодена брзина. Истото тоа што тогаш го тврдеше полицискиот извештај, порача Мицкоски.

Тој посочи дека Заев сега молчи и го нема да излезе да се извини пред македонската јавност затоа што ја манипулираше.

-Ја манипулираше јавноста само со една цел, а тоа е за да дојде на власт. За повеќе привилегии, за повеќе моќ. Се сеќавате на трагично загинатиот Мартин Нешковски. Премиер стана на тој случај, а јас денес сум убеден дека не знае како семејството Нешковски скрпува од 1-ви до 1-ви за да преживее. Да не спомнувам за неправдата кон Мартин Јанушев, кон малиот Саздо кои ги изгубија своите животи нападнати од насилници кои денес слободно шетаат по улиците. Патриоти, луѓе кои погрешиле само затоа што си ја сакале сопствената држава, денеска се затворени со казна затвор повеќе од два века. Истовремено терористи кои се повратници од боиштата во Сирија добиваат казна од 6 години, истакна Мицкоски.

Коронавирус