среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Мицкоски: Рускиот рулет на Пендаровски и Заев кобен по здравјето на граѓаните

Мицкоски: Рускиот рулет на Пендаровски и Заев кобен по здравјето на граѓаните

Кризна состојба за чекор назад во борбата против #COVID.

Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба.

Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава.

Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош.

Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали, дојдоа на мојот став дека потребно е кризна состојба. Но, денес корона заразата руши рекорди по распространетост, а системот е целосно блокиран. И не можам да сфатам како Пендаровски и Заев им е просто толку лесно себе си да се посипаат со пепел и да играат на картата за кратко помнење. Образот им е ѓон, но барем да не ја навредуваат интелигенцијата на јавноста, народ ги гледа и памети.
Црвените телефони за цензура нема да ја на прават сликата поубава, затоа што народот го живее хаосот предизвикан од неспособноста на Заев, Пендаровски и целата власт.

И ве уверувам дека и кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста дека работат нешто, додека пандемијата ќе продолжи да одзема животи поради неспособност, читајќи ги сите оние сведоштва за личните трагедии на луѓето кои ги губат своите најблиски.

И на крај, како тоа има потреба за кризна состојба, а Заев тера избори во криза во Штип и Пласница. Ќе почекаме да дојдат на ставот дека нема услови за корона избори.

А во продолжение рускиот рулет на Стево и немањето проблем со камикази изјави инспирирани по примерот на менторот Заев.

Фејсбук статус на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Најнови вести

Коронавирус