четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Мицкоски-Ромео: Државата во моментот е блокирана како последица на недостатокот на реформи и погрешните политики на владата на Заев

Мицкоски-Ромео: Државата во моментот е блокирана како последица на недостатокот на реформи и погрешните политики на владата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата како и стратешките приоритети на Република Македонија.

Мицкоски истакна дека европската перспектива е клучна стратешка определба за Република Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ и дека партијата има план и знае како да ја стави државата на брза лента кон Европската Унија. Државата во моментот е блокирана како последица на недостатокот на реформи и погрешните политики на владата на Заев, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на своите соговорници им ја посочи корупцијата и криминалот како крупен проблем со кој се соочуваат македонските граѓани, домашните, но и странските бизнисмени. Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ бара брза разрешница на сите оние корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на власта како случаите „Рекет 1“, „Рекет 2“, Рашкоски.

Покрај проблемите со владеењето на правната држава, Мицкоски ја посочи и влошената економска состојба која резултираше со ниско ниво на странски инвестиции кои се клучни за развој на македонската економија, како и ниската реализација на капиталните инвестиции и падот од 7 места на извештајот на Светска Банка „Дуинг Бизнис“.

Соговорниците се согласија дека Република Италија е клучен партнер на Република Македонија во остварување на европскиот сон, а соработката помеѓу двете држави има простор и натаму да се продлабочува.

 

Коронавирус