среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Мицкоски: „Рекет“ се води во насока да се заташка

Мицкоски: „Рекет“ се води во насока да се заташка

Од ова Обвинителство и од ова судство очекувам се и сешто, така што не би ме изненадило да бидам повикан, да бидам осуден, да бидам притворен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

Тој вели дека досега не бил повикан во Обвинителството за случајот „Рекет“ по изјавата дека има документи што ги добиле од укажувач.

-Подготвени сме, имаме план Б, план Ц во начинот на функционирање и начинот на работење како ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека сето тоа, повторно ќе се вратам, правно и политичко насилие коешто се прави врз опозицијата во Македонија не оди во насока на оние европски вредности и во насока на тоа да се подобрува и да се релаксира политичката состојба во државата, туку според мое мислење и според мислењето на многумина во спротивен правец се води тој процес.

Очекувате дека случајот Рекет ќе се расчисти до крај?

-Апсолутно не очекувам. Случајот Рекет се води во насока да се заташка истиот и да се ревалитизира и тоа се прави на два начина, едниот начин е молкот од Обвинителството и вперениот прст кон лидерот на опозицијата односно кон мене и вториот моментум е медиумската хајка која што ја прави оваа Влада во насока да го супресира всушност расчистувањето на овој случај. Се сеќавате на онаа прес-конференција кога горделиво излезе Зоран Заев и кога повикуваше на расчистувања, на разрешување итн., но тоа мене не ме чуди, ниту пак современиците на политичката сцена во Република Македонија не ги чудат еден ваков тип на прес-конференција со празни флусколи, а во суштина никакви дела. Таква имаше една во минатото се сеќавате на оној октопод на којшто ќе му се сечеа пипиците, на оној на тогашниот премиер којшто доаѓаше од СДСМ, знаеме како заврши тој октопод. Исто така на сличен начин ќе заврши овој октопод. Нема потенцијал, нема транспарентност, нема отчетност, а и нема искреност во целата работа затоа што според нашите информации, според она со коешто ние располагаме, доколку барем еден од овие елементи е присутен тогаш би се удрил директно во глава.