четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Мицкоски: Референдумот е за промена на името

Мицкоски: Референдумот е за промена на името

Во вечерашната емисија на „Топ Тема“ на Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше за ставот на партијата околу склучениот договор помеѓу Македонија и Грција.

Тој потенцира дека во референдумското прашање се поставени три прашања, а од кои само едно се однесува на промена на името, за што всушност и е овој референдум.

-Ние имаме прашање кое што еден од трите дела на прашањето се однесува на договорот, а другите два дела се неприродно поврзани со третиот дел, а тоа се ЕУ и НАТО зашто граѓаните во Република Македонија и сите други посериозни политички партии одамна акламативно се изјасниле дека се ЗА. Тука нема никаква дилема впрочем ви дадов и еден правен аргумент каде што уставниот суд на 18-ти февруари оваа година вели нема потреба референдумско известување за членство во НАТО бидејќи одлуката донесена 1993 година е сосема доволно, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е принципиелна, чесна и искрена.

– Велиме ова решение требаше да биде дел од референдумското прашање, и јас веднаш истиот момент, доколку договорот беше ставен на реферндумското прашање, само договорот зборам, односно решението кое што е постигнато, ќе го поддржев она што претходно во јуни месец, Вие го цитиравте од прес конференција ќе кажев ДА излагам и ќе работам на тоа, да ги убедам граѓаните да излезат да гласаат против, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус