среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: Редно време е да си заминат од власт

Мицкоски: Редно време е да си заминат од власт

Имајќи ги во предвид катастрофалните резултати на владата на СДСМ во областа на економијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека е редно време Заев и СДСМ да си замине од власт. Мицкоски го напомена ветувањето од пет проценти раст на БДП на СДСМ и реалниот раст кој според НБРМ сега ќе изнесува само 2,3 проценти, додека мината година изнесуваше катастрофални 0 проценти.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека никој од власта не сноси одговорност за катастрофалните резултати, а Македонија тоне како држава и како општество.

-Ветуваа пет проценти раст на БДП еве гледаме сега се задоволуваат и самите во овој ребаланс со 2,8 раст иако сите релевантни институции вклучително како што кажавте и НБРМ им предвидува 2,3. Тоа е повторно некој 100 до 150 милиони евра утка во БДП. Никој не сноси одговорност, премиерот вас ви кажува па јас немам со кого да работам ако ги променам овие. Епа овие ако не знаат да работат, тоа значи дека е редно време ти да си заминеш, тогаш да дојдат некои кои што знаат да работат. Тоа е суштината на политиката и тоа е суштината на една парламентарна демократија. Капиталните инвестиции се катастрофални. Не можат тие да не знаат како да работат и ние да тонеме како држава и како општество.Даноците еве последната оваа даночна реформа, големо внимание предизвикува, но повторно мислам дека тоа е уште еден спин од страна на истата кујна на лаги и манипулации. Сите ние сме некако фокусирани на оние 90-тина илјади, потенцираше Мицкоски.

 

Коронавирус