понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мицкоски: Разочаран сум од политичарот Караџоски и целата комисија за заразни болести која е под диктат на Заев, мора да се разреши и да се потпреме на професионалци

Мицкоски: Разочаран сум од политичарот Караџоски и целата комисија за заразни болести која е под диктат на Заев, мора да се разреши и да се потпреме на професионалци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ја изрази својата разочараност од Комисијата за заразни болести.

-Морам да кажам дека многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. И да точно е, јас, а и целата јавност на почетокот безрезервно дадовме поддршка на нивната работа, затоа што верувавме дека се водат по Хипократова заклетва, ама се покажа дека тие се водат по Заевиот диктат. Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација, изјави Мицкоски и подвлече:

„Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен.“

Парламентарни избори 2020