четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 13
home Вести

Мицкоски: Работничките права се погазени, постојат масовни отпуштања – ќе се бориме за подобар статус на работникот

Мицкоски: Работничките права се погазени, постојат масовни отпуштања – ќе се бориме за подобар статус на работникот

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ го честитам Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај со надеж дека работниците ќе го добијат заслуженото вреднување и уважување. Овој ден е симбол на борбата за работничките права и на изразувањето работничка солидарност. Денес, за жал, голем број граѓани во државата не можат да го остварат едно од нивните основни права, правото на работа, право на плата и пристоен живот. Работничките права се погазени, се обезвреднува и нарушува нивното достоинство. Политиките на владата практично го обезвреднуваат трудот на работникот кој се чувствува незаштитен. Доказ за ова е и последната изјава на министерката за финансии каде всушност рецептот за задржувaњето на бизниси посочи дека е преку отпуштање на работници, се вели во честитката на претседателоѕт на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Мицкоски вели дека тоа ќе значи десетици илјади нови невработени и десетици илјади семејства во сиромаштија. Никогаш состојбата со работничките права не била полоша.

-Постојат масовни отпуштања, за сметка на вработувања на некомпетентни партиски кадри на местото на способните, мобинг и заплашување кон работниците кое поминува неказнето. Работникот мора да го добие потребното внимание. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува, сите одговорни субјекти во државата, пред сé, Владата да ги почитуваат материјално-социјалните права на вработените утврдени во Уставот на Република Македонија, законите и колективните договори, и да придонесуваат за нивно унапредување, користејќи ги механизмите на социјалниот дијалог, колективното преговарање и договарање. Само така ќе градиме современа, демократска, социјална и правна држава. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори против негативните политики на владата, се со цел подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард. Честит ден на трудот – 1 Мај, стои во честитката на Мицкоски.

Коронавирус