среда, 14. април 2021. Вести денес: 41
home Вести

Мицкоски: Работиме на ново парламентарно мнозинство, оваа власт не може да донесе ништо добро

Мицкоски: Работиме на ново парламентарно мнозинство, оваа власт не може да донесе ништо добро

„Работиме на тоа да имаме заедно со локалните избори и предвремени парламентарни избори. Ние сме all in практично како што би рекол еден политичар кај нас. Ние сме all in во овој процес. А, случувањата во другите политички партии не би сакал да ги коментирам бидејќи сепак тоа е нивна внатрешна работа. И тие најдобро си знаат што е најдобро за нивната политичка партија“,рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во „Радио Лидер“

Мицкоски додаде дека има сериозни информации за сериозни внатрешни поместувања и фаќање на нови позиции во други политички партии.

„Јас ги охрабрувам партии да најдат начин да сето тоа го надминат. И да работиме сите заедно за државата. Инаку ново парламентарно мнозинство и е потребно на државата. И секој одговорен политичар во Парламентот, не е битен Христијан Мицкоски во случајот, не е битен никој, битни се граѓаните и државата. И секој одговорен политичар пред себе треба да си ги постави постигнувањата на оваа Влада на Зоран Заев и да ги постави плановите на оваа Влада на Зоран Заев и да донесе одлука што направија досега и дали се способни од сега и понатаму да направат нешто. Ако тие внатре не се подготвени да понесат одговорност и топката ја префрлаат на институциите небаре институциите се раководени онака од ветер и магла, а не од кадри поставени на СДСМ и на ДУИ тогаш вие не можете да очекувате да овие луѓе бидат подобри од тоа што биле претходно. А, претходно биле катастрофални“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека оваа власт мора да си замине за доброто на граѓаните, за добро на Македонија. Оваа власт ја доведе Македонија буквално до бездна.

Коронавирус