среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 54
home Вести

Мицкоски: Приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи, најмалку е време за славење

Мицкоски: Приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи, најмалку е време за славење

Во време кога граѓаните едвај крај со крај врзуваат, илјадници ги загубија своите работни места, за само три и половина години го задолжија секое македонско семејство за фантастични 5200€, денес Македонија гори, воведуваат мерки како во средината на 20тиот век, криминалот и корупцијата се владиното заштитно име, Македонија е во првите пет според бројот на починати од корона и меѓу последните пет според бројот на вакцинирани, владините партнери одлучиле да потрошат 30.000.000 денари народни пари за прослава на Рамковниот договор, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски.

-Рамковниот договор е завршена работа, а приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи. Наместо парите да ги пренаменат за други граѓански потреби, одлучиле да слават кога најмалку е време за славење. А во меѓувреме каква е реалноста? Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово и после 4 години се уште не е реновирана. Нема ниту збор од канализацијата во Другово, пишува тој на својот Фејсбук профил.

Мицкоски потенцира дека неколку километри автопат кон Косово и после година и половина не е мрднат од почетна точка.

-Исто болат солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка, Србинка…, кога се разделува од сопственото чедо кое заминува во туѓина поради тоа што не добило шанса во Македонија и уште многу, многу порази…. Парадата ќе заврши, парите ќе се потрошат, коктелот ќе се испие, славењето ќе помине, а реалноста ќе остане, а таа реалност боли, пече поради неспособните политичари. Тие од Владата ќе продолжат да ме навредуваат со сиот гнев што го имаат кон мене, тоа го прават 4 години затоа што се уплашени, крајот доаѓа, а со крајот и одговорноста, но заедно со одговорноста нудиме чест, визија, многу работа и иднина. Вие, граѓаните за нешто повеќе од два месеци одлучувате во каква Македонија сакате да живеете, порача Мицкоски.

Коронавирус