понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Мицкоски пренесе траорно сведоштво на сведок од тетовската модуларна болница

Мицкоски пренесе траорно сведоштво на сведок од тетовската модуларна болница

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во дебатната емисија на Тв Шења каде одговараше на повеќе актуелни прашања.

Во еден момент новинарот го запраша за коментар но како обичен граѓанин а не како лидер на опозиција, за трагедијата која неодамна се случи во модуларната болница во Тетово каде што животот од настанатиот пожар го загубија 14 лица.

Мицкоски објасни дека тој најдобро може да се стави во нивна кожа бидејќи и тој самиот лежеше на инфективната клиника каде се лекуваше од вирусот Ковид-19, но и пренесе едно навистина траорно сведоштво на сведок од тетовската модуларна болница.

-Јас можам буквално да се ставам во нивните чевли, бидејќи и јас лежев на инфективната клиника две недели и бев сведок како човек до мене го губи својот живот, но од Ковидот. И самото тоа е доволно траорно и болно и затоа можам да се ставам буквално во нивните чевли, колку и да сакаат овие од власта да кажат дека тоа го политизираме или го злоупотребуваме, и колку и да сакам јас да ги убедам во спротивното, не можам да ги убедам затоа што тие не го чуствуваат тоа што јас го чуствувам. Но ќе ви пренесам едно сведоштво на еден човек кој што го посетив кој вели: Ја кренав во раце својата мајка, и она ми рече спаси го брат ти и ти спаси се, остави ме мене и сега таа е покојна. Таа изгоре, тие се спасија со неговиот брат и така заврши еден човечки живот. Беше во модуларната болница за да ја излечат, за жал заврши на ваков начин еве како што јас сега ви кажувам. Што повеќе да зборуваме, има ли повеќе од ова да се зборува, пренесе Мицкоски.

Локални избори 2021