четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски предупреди: Барањата на Грција не завршуваат со Преспанскиот договор, Мицотакис најавува блокада на македонското членство во ЕУ

Мицкоски предупреди: Барањата на Грција не завршуваат со Преспанскиот договор, Мицотакис најавува блокада на македонското членство во ЕУ

Според лидерот на грчката опозиција и според анкетите најверојатниот иден грчки премиер, Кирјакос Мицотакис, долг и трнлив ќе биде патот на македонската интеграција во ЕУ. Имено во последната негова изјава тој најави нова блокада на членството на Македонија во Европската Унија, односно како што вели членството на Скопје во НАТО е неизбежно, но следниот ден не влегуваат во ЕУ.

Прашан за тоа што тој како премиер би направил, доколку договорот е веќе ратификуван од грчкиот Парламент, Мицотакис рече дека треба да биде искрен и реален дека во тој случај „Скопје влегува во НАТО и нема враќање назад“.

-Од моментот кога овој договор ќе се ратификува од грчкиот Парламент и во исто време, во ист момент, ако не во ист момент, тогаш неколку дена подоцна, ќе се ратификува протоколот за интеграција во НАТО, Скопје влезе во НАТО. Готово е. Влегоа. Но, внимавајте, следниот ден не влегуваат во Европската унија. Сакам да бидам апсолутно јасен. Никогаш од мене нема да чуете: Му посакувам добредојде на македонскиот премиер во нашата земја“. Ова нема да го слушнете следниот ден. Патот на Скопје кон ЕУ е долг процес и е тек што во голема мера ќе зависи од тоа дали Скопје ќе покаже добрососедски односи со Грција, објасни Мицотакис.

За потсетување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во вестите на телевизија Сител пред референдумот истакна дека и покрај потпишувањето на како што вели капитулантскиот договор со Грција, Македонија може да се соочи со блокада од нашиот јужен сосед во било која фаза од преговорите со ЕУ.

Мицкоски тогаш забележа дека доколку во иднина македонската страна одбие да оствари било кое од непринципиелните барање на нашиот сосед, Грција ќе ја блокира Македонија на патот на нејзините европски интеграции, а Македонија ќе ја доживее судбината на Турција и нејзината европска интеграција.

-Еве ќе се вратиме на претходното прашање, ако го погледнете членот 8 и ако видите таму, можете лесно да заклучите дека станува збор за комисија која што евентуално би се формирала помеѓу двете држави, помеѓу Република Македонија и соседна Република Грција и таа комисија ќе треба да ја ревидира историјата, археологијата и образованието. Односно сето она што нашиот јужен сосед ќе го детерминира како иредентизам ние ќе треба или да го прифатиме или да го одбиеме. Ако го одбиеме, замислете си сме го почнале процесот за преговори со Европската Унија, веднаш стоп рампа ќе биде тоа, односно не можеме да напредуваме понатаму. Односно многу лесно ако ги одбиваме континуирано непринципиелните барања од нашиот јужен сосед, што е природно бидејќи нивниот иредентизам подразбира сето она каде што се употребува Република Македонија да се избрише. Еве најавија дека отприлика четири илјади економски оператори ќе треба својот назив да го променат, односно ако речеме ние не на тие преговори, они ќе речат не во процесот на преговори со Европската Унија, истакна тогаш Мицкоски.

Предупредувањето на Мицкоски се остварува, а Мицотакис и покрај промената на името најавува нова блокада на македонското членство во ЕУ.