недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 5
home Вести

Мицкоски: Правниот систем се распаѓа затоа што политиката управува со него, немам намера да штитам криминал

Мицкоски: Правниот систем се распаѓа затоа што политиката управува со него, немам намера да штитам криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 годишна конференција на Унијата на млади сили истакна дека не смее да се дозволи политички притисоци да управуваат со правото.

-Ова не го зборувам зато што само ВМРО е под жесток удар. И ве молам на тоа да не гледате само така, туку како една сеопшстествена појава која е канцер на нашето општество,која го дели и раслојува. Кога било кој граѓанин ќе доживее некаква неправда ќе мора да отиде на суд и да ја бара правдата, но таму правда нема. Нема затоа што таму политиката управува. Тоа е понижувачки, фрустрирачки, за една меѓа, за една обична нива, за обична работа да седите по тие судски лавиринти затоа што правниот систем се распаѓа. Тоа е неуспешна држава.И како човек немам намера да штитам криминал, ниту поддржувам, секоја оној кој направил криминал треба да одговара. Без оглед кој е и од која партија доаѓа, без оглед како се вика и од која позиција доаѓа. И потребно е да се стави крај на тоа еднаш за секогаш, затоа што само така можеме да одиме напред. Но, ова не е тоа време и ова не се тие постапки. Ова што сега се случува е режиран прогон и атак врз ВМРО. Затоа што ВМРО им смета, затоа што се додека ВМРО-ДПМНЕ постои, постои и Дамокловиот меч врз нивните глави и знаат дека кога тогаш правдата и правдината ќе ги стигне, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски порача дека ова се однесува на луѓето од власта, на оние кои се богателе на грбот на партијата, а сега се најблиску до скутот на Заев и уценети и притиснати прифатија да бидат негови слуги.

-И овие луѓе мислат дека со некоја загубена битка ќе ја освојат војната, но треба да знаат дека не планира да изгубам ниту една битка, а за војната треба да знаат дека заедно ќе ја победиме војната, заедно со народот на Македонија. Вака како што стојат работите овие луѓе, притиснати и уплашени може да му прават услуга на Заев, но никако на ВМРО-ДПМНЕ. И тој стокхолмски синдром е сериозно изразен кај многу луѓе кои во минатото се удираа во гради, запоседнуваа функции. И во таквата вљубеност на жртвата во киднаперот сакаат освен себе си да го повлечат и ВМРО-ДПМНЕ. Нема со тие куршуми, дециден беше Мицкоски.