недела, 27. септември 2020. Вести денес: 43
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Мицкоски повикува на обединување на опозицијата против мафијата на власт која донесе живот на вересија: Различни сме, но имаме заедницко зло против кое се бориме

Мицкоски повикува на обединување на опозицијата против мафијата на власт која донесе живот на вересија: Различни сме, но имаме заедницко зло против кое се бориме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати порака до сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати, здруженија, еснафи и поединци.

-Време е да се обединиме да ги надминеме нашите разлики и да направиме опозициски фронт против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. И точно е можеби имаме разлики, различни гледишта можеби и различни концепти. Ама и во Тетово, Битола, Штип или Скопје народот го обединува една работа, а тоа е сиромаштијата против која мораме заеднички да се бориме. И мораме да се спротивставиме на оваа мафија со активен отпор и на улица, на протести и да протестираме за секоја тема, буквално за секоја тема која што ги мачи граѓаните. И ова е отворен повик да се обединиме за да ја зачуваме државата и да ги заштитиме граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши во мафијата, а сиромашен народ. Мора да се избориме за систем, вредности и иднина. И како што реков, мафија не се руши само со една битки, туку со многу битки и труд, а ова е почетокот на нивниот крај. Ние од тука тргнуваме, заклучи Мицкоски.

Коронавирус