петок, 29. јули 2022. Вести денес: 21
home Вести

Мицкоски повикува на будност: Владата веднаш да го објави предлогот, тој да биде достапен за сите граѓани, зошто го кријат ако е толку добар?

Мицкоски повикува на будност: Владата веднаш да го објави предлогот, тој да биде достапен за сите граѓани, зошто го кријат ако е толку добар?

Веднаш да кажам, иако најавив дека ќе му предложам на Извршниот Комитет уште утре да имаме протести низ повеќе градови во Македонија, вклучително и во главниот град како израз на револт поради драматичните удар врз стандардот на граѓаните со поскапување на енергенсите и струјата, но со оглед на зголеменото ниво на претпазливост кое мораме да го имаме поради чекорите околу францускиот предлог, потенцијалното предавство на државните и национални интереси, решив одлуката за таквите протести да ја измениме и целосно да се фокусираме на решението за кое сега подетално ќе се осврнам.

Ова вечерва го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Главното прашање кое го добивав овие неколку часа е кој е нашиот став во однос на таканаречен последен модифициран француски предлог. За ВМРО-ДПМНЕ морам да напоменам предлогот кој првично беше објавен пред неколку недели беше отфрлен и истиот за нас беше ништовен, односно одбиен.  И воедно напоменуваме дека сето она кое што се случуваше изминатиот период од страна на владата која што го лажеше сопствениот народ дека воопшто не е запознаена за тој предлог, беше голема манипулација и лага се со цел денеска да ја гледаме истата оваа влада како веќе неколку часови се обидува преку неколку нарачани бриф реченици во медиумите да создаде некаква перцепција за некаков голем триумф откако во Брисел минатата недела го одбиле тоа што претходно веќе го прифатиле, рече тој.

Мицкоски заклучи дека овој модифициран предлог за кој се говори последните неколку часа го нема ниту видено, ниту истиот го има прочитано.

-Но, можеме да кажеме и да споделиме со јавноста дека врз основа на информациите со кои што ние располагаме тој е ништо друго освен два модифицирани збора различни од предлогот кој што циркулираше изминатиот период во јавноста и беше претставен како последен француски предлог. Односно да бидам попрецизен, ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Ќе повторам, сето ова е врз основа на информациите со кои што ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно, ќе споделам со вас три индиции, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека првата индиција е таа што овој модифициран таканаречен француски предлог веднаш беше прифатен од Петков и Радев.

-Замислете во државата нема функционална влада, во државата речиси има распуштен парламент и изгласани црвени линии кои што се асимилаторски за македонскиот идентитет, моменталниот мандатар и актуелниот претседател на државата, истиот овој модифициран француски предлог претставува за нив одлично решение и веднаш го прифатија. Ако е тоа така, што е тогаш различно за нашиот државен врв за истиот тој предлог веднаш да го одбие со едно големо НЕ како што тоа го направи во Брисел. Вториот фактор, се чудам од каде знае Еди Рама премиерот на Албанија дека овој предлог е прифатлив за Македонија, македонскиот народ, за чии што ќе напоменам идентитет се зборува, за кој што преговара Бујар Османи министерот за надворешни работи, а македонскиот народ, граѓаните, најголемата партија во државата ВМРО-ДПМНЕ, со најголема пратеничка група, со најголем број на градоначалници, и со најголем број на советници во Македонија не е запознаена. Од каде Еди Рама ја има таа информација, а  ние таа информација заедно со речиси сите граѓани во Македонија ја немаме? Третата причина зошто сметам дека е нокаут со одложено дејство, е затоа што Владата на СДСМ и ДУИ која има слаб карактер и традиција на предавства и затоа предлогот го крие, наместо најпрво да ја запознае јавноста и опозицијата, па дури потоа да се произнесе за сите аспекти од истиот овој договорот, истакна Мицкоски.

Тој понатаму посочи:

„Сакам да потсетам дека ова сценарио кое што денеска ни се случува, за истото предупредив пред неколку дена, и ја предупредив македонската јавност дека тим од МНР веќе преговара во Софија, а денеска добивме потврда од министерот за надворешни работи дека тој практично го раководел тој тим кој што преговарал за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската култура, македонската традиција, македонските обичаи и за Македонецот.

Македонија е единствената држава која што наместо да преговара според Копенхашките критериуми, со владата на Ковачевски е принудена да преговара според бугарски диктат.

Барам веднаш, повторувам барам веднаш без криење ако навистина е толку добар овој предлог владата истиот да го објави на нејзината електронска страна односно на веб страна, бидејќи велат дека е толку добар што успеале да направат дипломатски триумф веднаш да го објават. Зошто го кријат, зошто имаат потреба истиот овој предлог да го кријат?

И сакам да напомена дека ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш по ниту една цена и диктат да прифати решение штетно за народот, иднина на македонскиот народ и за иднината на Македонија“.

Коронавирус