понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 167
home Вести

Мицкоски: Потребно е обединување на силите (ВИДЕО)

Потребно е обединување на силите, нагласи тој. ВМРО тоа го може, а јас ви ветувам дека од мене ќе има секој еден истомисленик и човек кој ги споделува вредностите на нашата партија, широко подадена рака, на пријателство и поддршка. Секаде каде има обединување, секогаш таму е победата.
Мицкоски: Потребно е обединување на силите (ВИДЕО)

Се претставувам пред вас со име и чест, ќе се трудам да наметнам сосема нов начин на функционирање, и едно силно темпо на работа, ќе користам совети од сите, ќе носиме одлуки заедно со вас, ви ветувам, ќе се борам со сета моја сила, знаење и умеење за нашата заедничка идеја, нема да ве разочарам, ви ветувам, стојам овде пред вас и ви ветувам дека тоа ќе го сторам, рече новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето пред присутните на Конгресот,

-Да ја направиме нашата партија повторно најсилната партија во државата, која гордо, без страв, достоинствено и одговорно ќе ја предводи нашата држава кон подобра иднина. Во таа борба ве молам за помош и поддршка. Јас не сум најпаметниот овде. Секој од вас има знаење и искуство кое може значително да помогне. И има многу други надвор од оваа сала кои заслужуваат шанса, кои чекаат да видат што ќе направиме, какви ќе бидеме, за да се приклучат во нашата битка за подобра Македонија Звучи можеби понизно, но така чувствувам, и не се срамам од тоа, рече Мицкоски.

Потребно е обединување на силите, нагласи тој.

-ВМРО тоа го може, а јас ви ветувам дека од мене ќе има секој еден истомисленик и човек кој ги споделува вредностите на нашата партија, широко подадена рака, на пријателство и поддршка. Секаде каде има обединување, секогаш таму е победата. Промените нема да дојдат доколку чекаме на некоја друга партија или на некое друго време. Ние сме тие, ВМРО е тоа на кое што се чека. Ние сме шансата која се бара и која е потребна. Доаѓаат подобри времиња. Во оваа земја народот е главен, и мора да се охрабри, бидејќи храброста и мудроста се водилки забележани од времето. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, новото утро се раѓа, ново утро кое ќе донесе нова надеж за Маедонија, заклучи Мицкоски.

Коронавирус