среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 13
home Вести

Мицкоски: Потребно е македонско национално единство, премногу сме малку да се делиме и расеменуваме

Мицкоски: Потребно е македонско национално единство, премногу сме малку да се делиме и расеменуваме

-Многу важно, повторувам многу важно е да се постигне македонско национално единство. Да не се расеменуваме ниту делиме затоа што сме и вака и расеменети, и поделени. Мора за клучните прашања да покажеме единство, да покажеме морал и црвена линија која заеднички ќе ја браниме. Рамо до рамо еден до друг. Никој нема добро од тоа да бидеме понижени дури и оние кои во замена за пари и фотелји мислат дека така ќе им биде подобро. Нема да им биде подобро зошто нивните деца а и тие самите ќе бидат дел од асимилирана и понижена земја. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Тоа им го должиме на генерациите после нас а тоа им го должиме и на генерациите пред нас кои што се изборија за оваа држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест против мафијата, за правда и слобода, по повод денешниот празник 23-ти Октомври денот на Македонската револуционера борба.

-Ќе завршам како што и почнав, ВМРО е живо ВМРО е пркост пиреј аманет обврска должност почитување.
ВМРО е нашата сила но и нашата слабост. 127 години од почетокот на ВМРО, значи истрајност, мудрост, храброст но и континуитет. Сите овие херои, не би биле тоа доколку се повлекле или потклекнале. Нивната коравост ги направила беспрмтни исто како што е бесмртна и Македонија. Тие се бореа за држава, ние ќе се бориме за повеќе слобода и правда и да си ја сочуваме државата која што тие ни ја оставија во наследство. Обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да не ги разочара тие идеали, но и да донесе иднина за секој еден човек. Нашата иднина е во ЕУ, и знаеме дека оваа власт е најмалку европска. Зошто? Затоа што ги видовме како крадат пари од ЕУ, и како панамски пари завршуваат со бизнис зделки со антинато бизнисмени во Тетово, но затоа ќе ја направиме разликата и ќе ја придвижиме интеграцијата. На Македонија и требаат стратешки пријателства со нашите стратешки партнери, а не стратешки предавства за лични интереси на политичарите на власт. Ќе се борам во името на оваа моја генерација да докажам дека во политиката може поинаку од се што досега сте виделе, истакнува Мицкоски.

-Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката а не тоа да биде срам туку да биде гордост, и тоа не е апстракција туку вистинска вредност. Мораме да докажеме дека мафијата е мафија затоа што има чесни луѓе кои се борат против нејзе. И дека таквите не се малцинство кое молчи туку мнозинство кое ќе стане гласно. Мораме да се бориме за силна економија. За конкурентност во Економијата. Немаме повеќе генерации за губење ниту авиони за праќаме млади луѓе на печалба. Тука да ја создаваме иднината. Ќе ја сакаме Македонија повеќе ако тука ја донесеме Европа. Ќе ја сакаме Македонија повеќе ако ги вратиме сите оние млади луѓе наши сонародници кои што ја напуштија својата држава. Ја задолжија државата цели 2 милијарди евра од кој една милијарда откога е ковид кризата. Сите запрашајте се што ново изградија? Затоа треба промена. Ќе докажеме дека ја сакаме Македонија повеќе ако покажеме дека има чест, морал и кичма во политиката. Сите ние ќе ја сакаме повеќе Македонија ако докажеме дека наместо занимавање со проценти во администрацијата ќе се бориме за квалитет на кадрите, посочува тој.

-За повеќе достоинство и чесност во судиите кои ќе носат правда за обичниот народ. Мораме да ја поразиме мафијата пред тие да ја поразат државата! Мораме да ја сочуваме Македонија пред тие да ја распродадат татковината! Ако Македонија е нашиот храм во кој веруваме тогаш ВМРО- ДПМНЕ е дел од тој храм! И се додека ВМРО е пламенот, Македонија е тука. Македонија е жива. Ова е битката на нашите животи. Последната брана и бедем од која нема назад. Нека е вечен празникот, нека е вечна Македонија! Да сте ми вечни вие да е вековит и ценет овој ден да го славиме со успеси! Ви благодарам од срце што денеска сте овде со нас, заклучи Мицкоски.

Коронавирус