четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 36
home Вести

Мицкоски: Потешко никогаш не се живеело, економијата е на дното, потези на Владата претставуваат цивилизациски шок

Мицкоски: Потешко никогаш не се живеело, економијата е на дното, потези на Владата претставуваат цивилизациски шок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше гостин во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Тој во ова гостување говореше за многу теми кои се од важност за државата.

Една од темите за кои Мицкоски говореше беа и настаните во Собранието од 27 април минатата година. Тој кажа дека е потребно овој случај да добие конечна разврска.

-Овој случај, каде луѓе се обвинети, не верувам дека ќе добие таков епилог каков што некој посакуваат да добие, бидејќи мислам дека врз основа на тоа што е презентирано на јавноста, а во консултација со правни експерти, неминовно крајот мора да биде поволен по тие луѓе кои што во овој момент се обвинети, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека да се почне со влегување со специјалци во домовите на пратениците, без тоа да се внимава дека тие луѓе се под имунитет, рано наутро, пред очите на нивните деца, а притоа да не водите сметка како и зошто тоа го правите, а притоа тие луѓе тогаш не беа ниту обвинети.

-Народниот правобранител јасно става во неговиот извештај дека е злоупотребена моќта, дека се злоупотребени институциите и гледаме дека се уште нема никаква одговорност. За тоа не треба судски спор за да имаме одговорност, тоа се решава со потпис на еден документ, се вика оставка и се депонира утрото кај премиерот, ако министерот или потпретседател на Владата одлучи да даде оставка, бидејќи тој е најповикан, тој раководи со Министерството за внатрешни работи, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека тука не треба да се чека судските власти да одлучат, дека тоа е предмет на морален чин.

-Дали тие луѓе кои што го направија ова дело, влегоа во домовите на пратениците, ги понижија јавно без притоа да им биде симнат имунитетот, ги држеа во притвори толку време и без притоа да имаат некакви реални докази, за да на крај дел од нив бидат пуштени без било какво обвинение, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше и дека државните органи се уште немаат одговор на министерот за внатрешни работи од тој период, Агим Нухиу, кој тврдеше дека на 27 април во Собранието имало вооружени групи од Чаир подготвени да тргнат кон Собранието.

-Најважната работа е кој добива од тие настани. ВМРО-ДПМНЕ секако не добива од тие настани а не добива ни Македонија. Но некој друг го промени својот политички статус и од опозиција стана позиција. Од пратеници и луѓе кои што го уриваа во тој момент системот, палеа, фарбаа кршеа канцеларии станаа министри, директори и за мене тоа е социјален исчекор во нивниот живот. Тоа значи дека не само што политички напредувале туку и во одредена мерка тие луѓе се стекнале со некаква додадена вредност во нивните животи. Не е ВМРО-ДПМНЕ кој од тие настани профитираше туку сосема некој друг, рече Мицкоски.

Мицкоски говореше и реформските зафати на Владата, за кои кажа дена немаат ниту “р„ од реформи.

– Ние не одбравме да шетаме по улица и да фарбаме и кршиме згради кои што се во Скопје и државните инситуции. Одлучивме да седнеме на маса и да понудиме решенија затоа што видовме дека ѓаволот ја однел шегата, таканаречените реформски зафати што ги прави оваа влада ни „р“ немаат од реформи,  па моравме да седнеме да понудиме наши луѓе кои што имаат знаење и потенцијал па тие закони или документи ги направат реформски за да можеме денеска да добиеме позитивен извештај, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Мицкоски рече дека сегашните министри кои упатуваат пофалби до опозицијата за учество во формирање на реформски закони, пред извесно време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, ги мотивираа луѓето по улиците да ја палат канцеларијата на Претседателот, да кршат и шараат по државните згради, да пишуваат писма во светот кога се емитува државна обврзница а со цел да ги нарушат позициите и да ја зголемат камата. Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го прави тоа.

–Но тоа и не е така тешко да се забележи. Видете ги бројките. Бројките велат дека во првиот квартал од оваа година во прометот во земјава ДДВ кое го собрало УЈП е за  8 милиони евра помало од првиот квартал минатата година кога имавме техничка влада. Тоа значи дека луѓево трошат за 45 милиони евра помалку отколку лани за истиот период,  вели Мицкоски.

Тој нагласи дека дури и да не им се верува на чувствата на тие луѓе кои што ќе ве сретнат по улица, доволно е да се видат извештаите од УЈП кои треба да ги види и премиерот и може да се заклучи дека луѓето имаат право кога кажуваат дека сега е полошо.

–Се наоѓате во една ситуација кога треба да понудите нешто што на овие луѓе ќе им го направи животот поквалитетен. Тоа е суштината на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 рече дека наместо постојано да се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со некоја албанска партија прашањето треба да се постави и на албанските партии дали имаат коалициски потенцијал со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека досега партијата работела принципиелно.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стане партнер со онаа албанска партија со која ќе има заедничка програма за сите граѓани и која што ќе понуди проекти кои ќе значат посреќни граѓани.

Потенцира дека во овој момент гледа такви партии во сите оние кои се идентификуваат како албански партии во Република Македонија.

Покрај тоа Мицкоски порача дека ДУИ и СДСМ треба да се зафатат со работа за решавање на проблемите на сите граѓани на државата, а не да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски напомена дека разликата меѓу оваа опозиција сега и опозицијата во минатото е што оваа опозиција додаде вредност за Македонија да ја добие препораката од ЕУ, а минатата опозиција тегнела назад и молела Бога тоа да не се случи.

-Тоа е разликата. Ги хушкаше луѓето да одат по улиците и да го урнисуваат системот, праќаше лоши вести по Брисел и по светот, кодошејќи ја сопствената држава и владата.

Мицкоски го спомена и извештајот од Стејт Департментот, каде за Македонија пишува дека е заробена држава, што како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и е акцентирано во извештајот.

-За што биравме ние нова Влада, ако порано било заробено, а сега е два пати позаробена државата, праша Мицкоски.

Мицкоски говореше и за економијата во државата. Тој кажа дека ветувањето на СДСМ за 500 евра просечна плата е голема лага.

-Знаете ли колку е планиран порастот на платата според макроекономските индикатори на Министерството за финансии за 2018 година? На ниво од околу 24.900 денари. За до 30.000 денари знаете колку платата треба да расте во ’19 и ’20? По најмалку 25 отсто, рече Мицкоски.

Според Евростат, вели Мицкоски, во периодот од 2006. до 2016. година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ Македонија беше во првите пет земји во Европа по растот на Бруто домашниот производ.

-Сега сме на дно. Не претпоследни, не трети од позади. На дно, појаснува Мицкоски.

Мицкоски говореше и за проектот Чебрен и Галиште.

-Читам по порталите дека за Чебрен и Галиште домашните банки имале обезбедено 220 милиони. Прво од каде знаеме дека толку ќе чини, кога немаме ниту проект?, праша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 вели дека Владата ја лаже јавноста за висината на државниот долг кој, според него, е драстично поголем.

-Ја лажат јавноста за реалната состојба на долгот, и за тоа имав обраќање пред неколку дена. Таа утка е за некаде околу 85 милиони евра за јавниот долг и некаде околу 60-тина милиони евра за државниот долг, појаснува Мицкоски.

Вели дека намалени се капиталните инвестиции и оти се наоѓаат на ниво од 7,43 проценти, потенцирајќи дека тие се за три пати помали од лани.

-Притоа, буџетскиот дефицит е идентичен како за тој период минатата година. Во меѓувреме, 500 милиони евра е земена државна обврзница и нето задолжувањето е некаде околу 100-тина милиони евра на домашниот пазар. Да, имаат вратено главница – странско задолжување, нешто домашно, но генерално нето задолжувањето е огромно, појаснува Мицкоски.

Вели дека во делот на растот на Бруто домашниот производ Македонија се наоѓа на дното во Европа, односно е последна.

Мицкоски говореше и за идентитетот на држава. Тој рече дека нема што да се преговара околу идентитетот зошто тој воопшто не е тема на преговори, тој притоа додаде дека идентитетот е стекнато право.

-Тоа е решено. Нема што да се преговара или да не се преговара. Тоа не е предмет на преговори. Зарем некој преговара за тоа. Тоа е стекнато право и за тоа нема што ние да преговараме. ВМРО-ДПМНЕ во многу наврати во минатото го кажа ова а сега пак ќе го кажам ова дека ВМРО-ДПМНЕ нема да подржи промена на Устав со цел на уставното име. За останатите делови нема што ние да прифаќаме или да не прифаќаме. Тоа е стекнато право и е јасно дефинирано во личната карта за Република Македонија во ОН, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е национално прашање кое што е од големо значење за Македониците и за Република Македонија. Мицкоски додаде дека во овој спор најважно е да бидете вешт и да реши овој процес ако не ќе се капитулира. Според него досега сите политички елити не успеале да најдат достоинствено решение, но притоа не капитулирале но затоа сега има некоја друга политичка елита водена од Владата и останува да се види како ќе се реши овој проблем.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Клик Плус“ на телевизија 21 се осврна и на отворањето на автопатот и на начинот како тој беше отворен, со блех музика и чочеци.

-Но, за мене претставуваше цивилизациски шок кога директорот на второто можеби по големина јавно претпријатие во државата и близок соработник на премиерот на државата, вади од џебот гордо банкноти и ги лепи на музичарите, други луѓе тука играат чочеци. Мислам тоа претставуваше цивилизациски шок и можам да кажам уште сум под дејство на тоа што тогаш го видов, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека во овој случај не станува збор за некаков вкус, туку дека тоа е под сите цивилизациски и морални вредности, дека станува збор за катастрофа. Мицкоски праша и како се чувствувале странските амбасадори и дипломати кои го гледале она што се случувало во тунелот.

Коронавирус