вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Мицкоски: Постапката на Владата на Заев за бришење на термините Македонија и АСНОМ е срамна и фашизоидна

Мицкоски: Постапката на Владата на Заев за бришење на термините Македонија и АСНОМ е срамна и фашизоидна

Во денешната изјава за медиумите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали за него е прифатлива забраната на терминот Македонија и АСНОМ од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ, истакна дека таквата постапка на власта е фашизоидна и срамна, истата претставува понижување на македонскиот народ и граѓаните во Македонија, како и дека земјава со ваква власт служи за потсмев.

„Го напишав јас тоа во еден мој статус на социјалните медиуми. Знаевме дека цензурираат, знаевме дека опструираат, но не знаевме дека се фашизоидни, но треба да не го потценуваат народот и не треба да потценуваат тоа што следи, а следи пораз, дебакл и одговорност за овие луѓе. Така што јас кога би бил на нивно место би бил сериозно загрижен за постапките кои што ги прават по диктат на Зоран Заев, така што тоа што го прави Зоран Заев преку Бојан Маричиќ навистина преставува еден дебакл на отворена сцена, понижување на македонскиот народ на граѓаните во Македонија без разлика на нивната различна етничка припадност и понижување и омаловажување на самата Македонија како држава. Служиме за потсмев “ – истакна Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија