понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Вести

Мицкоски: После 30-ти септември е 1-ви октомври, да се вратиме на реалните проблеми на граѓаните

Мицкоски: После 30-ти септември е 1-ви октомври, да се вратиме на реалните проблеми на граѓаните

После 30-ти септември, доаѓа 1-ви октомври, реалните проблеми остануваат. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Телма.

-Она што ќе биде поразлично е што владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе го изгуби легитимитетот пред гласачите и македонската јавност, рече тој.

-Ќе дојде први октомври ќе останат реалните проблеми за граѓаните, луѓето ќе се прашуваат како да поминат од први до први. Ќе останат оние криминални тендери во здравството, криминалните иновации во рамките на раководењето со институциите на оваа Влада. Мускули на терен ќе се покажуваат, луѓе ќе се апсат, ќе се притискаат, нагласи Мицкоски.