недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 41
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Мицкоски: Поразени се арамилукот, неправдите и сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период

Мицкоски: Поразени се арамилукот, неправдите и сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период

Имавме плодна и квалитетна дебата во првиот дел ги реафирмираа сите учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба која се одржуваше во Вила Водно.

-Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано од страна на претседателот на државата. Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто го доживеа владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, потенцираше Мицкоски и подвлече:

„Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период . Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство.“