среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 5
home Вести

Мицкоски: Пописот вака како што го планираше Заев не е статистичка операција, туку политички договор

Мицкоски: Пописот вака како што го планираше Заев не е статистичка операција, туку политички договор

Во денешната емисија „Клан Дебата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што посочи дека пописот што го планираше премиерот Зоран Заев и неговата влада не е статистичка операција туку еден вид политички договор.

– Околу пописот нашиот став е јасен, тоа треба да е статистичка операција која што треба со бројки да даде одговор каде оваа држава води и како да се развива, појасни Мицкоски.

Додаде дека ваков каков што е пописот што го планира Заев не наликува на статистичка операција, туку претставува политички договор.

-Ние исклучиво сакаме да бидат почитувани препораките на Еуростат, нагласи Мицкоски.