понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Пописот уште непочнат се вулгаризира во јавноста, а граѓаните немаат доверба во процесот

Мицкоски: Пописот уште непочнат се вулгаризира во јавноста, а граѓаните немаат доверба во процесот

Во текот на денешниот ден претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Зелен пазар во однос на различниот став на директорот и заменик директорот на Државниот завод за статистика кажа дека за сето тоа тој предупредил и дека наместо статистичка операција пописот се претвори во политичка операција.

„Сето тоа јас го предупредив, сето тоа дека ќе се случува затоа што од првиот момент тие тоа го политизираат, од првиот момент наместо статистичка операција ова се претвори во политичка операција. Трка по проценти, трка по бројка тоа нема да даде одговор на идниот развој на Македонија и затоа уште од првиот момент кажам дека овие луѓе не се способни да испорачаат нити директорот нити тој заменик и сето ова ќе биде плод на лажен компромис политички договор. Ете тоа ќе биде и од тие причини граѓаните немаат доверба, еве уште непочната еве таканаречена политичка операција ја вулгаризираат во очите на јавноста и потоа се прашуваат зошто јавноста немала доверба. како ќе има доверба кога едниот со другиот не знаат што претставува методологијата која што сами ја претставија во јавноста, затоа треба да заминат овие луѓе не се способни, овие луѓе го украдоа народот, го покрадоа народот и го оставија на маргините и на колена го клекнаа, затоа треба да заминат. Не ги бива, затоа треба да се избориме заеднички на следните избори да ги поразиме, и потоа одговорност. Тоа е суштината, нема друга суштина ќе продолжиме да тонеме, не 111, 121 догодина ќе бидеме. Со овие луѓе нема иднина, не постои човек, не постои бизнисмен во државата кој што не се жали на поткуп, на барање мито, на криминал и корупција, не постои човек. Кој гласно тоа го збори кој го збори тоа тивко“, нагласи Мицкоски.

Во однос на тоа до каде е процедурата на собирање на потписи за пописот Мицкоски рече:

„Вчера е доставена иницијатива до спикерот, сега очекуваме спикерот да ја достави до матичните комисии рамките на парламентот, а потоа тие да ги вратат назад до спикерот дека иницијативата е уредно поднесена и потоа се информира предлагачот тоа сум јас и надлежниот орган Министерството за правда и пота се дистибуира до подрачните единици на минитертвото за правда и формално ќе отпочне. Ако ме прашувате за колку денови од денеска, очекувам дека до крајот на месецот доколку нормално нема некои необјективни пречки од страна и на спикерот, на комисиите и надлежниот орган да започне собирањето на потписи од граѓаните. Ја користам оваа прилика да ги повикам масовно да излезат да се потпишат бидејќи ами гледате дека ова нема врска со попис. Ова е меѓусебен договор и сега инат тераат едниот со другиот кој колку проценти да има, па се над даваат и лицитираат во јавноста“, истакна Мицкоски.

Мицкоски во однос на тоа што доколку дојде до повлекување или доколку самото владеачко мнозинство го повлече или пролонгира пописот, дали тогаш ВМРО -ДПМНЕ ќе ја продолжи иницијативата или ќе ја стопира рече:

„Нормално, доколку се вразумат и доколку одлучат да се повлечат, нормално дека во тој случај целта ги оправдала средствата и во тој случај, навистина не ја гледам понатаму потребата да се собираат потписи“ истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во однос на периодот јуни јули и тоа дали е прифатлив за попис рече:

„Не! Јуни, јули прво никој не прави попис во свет. Попис се прави на пролет и на есен. Така што пролетта 2022 година е идеално време. Ќе ги имаме и терминалите кои што ќе отчитуваат отисок на прсти со кои што ќе се гласа на следните избори. Јас ве повикувам да го поставите прашањето и до надлежниот ресорен министер, Фатмир Бесими зошто не одговара на претседателот на Државната изборна комисија, кој бара дополнителни средства за обезбедување на овие терминали. Од што се плаши ДУИ на следните локални избори? Еве, од што се плаши ДУИ? Прашајте го Фатмир Бесими зошто не обезбедува средства за Државната изборна комисија, за да можат да се обезбедат терминалите за отчитување на отисок на прсти со кои што ќе се гласа на следните локални избори? Еве ве повикувам, како новинари, македонската јавност да го праша Фатмир Бесими, зошто не ги обезбеди тие пари, зошто не одговара две недели на дописот од Државната изборна комисија? Од што се плаши, од што се плашат? Ако е оваа статистичка операција, не е политичка и ако се тие кои што го почитуваат законот, членот 108 А е јасен. Како ќе се гласа на следни локални избори? Ве повикувам новинарите, прашајте го Фатмир Бесими зошто две недели не одговара на претседателот на Државната изборна комисија и не обезбеди дополнителни средства за да се набават овие терминали. Или Зоран Заев прашајте го. Еве прашајте ги, или паралелниот премиер прашајте го. Еве прашајте ги, вие сте јавност, зошто да молчиме, зошто да молчиме? Пак да бидеме покрадени, пак да се краде волјата на народот? Тоа нема да го дозволиме“, нагласи Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија