недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Пописот насилно се турка, застанавме на страната на народот и вистината

Мицкоски: Пописот насилно се турка, застанавме на страната на  народот и вистината

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во Дневникот на Сител телевизија, во врска со пописот истакна дека истиот насилно се турка, како и дека партијата со своето дејствува е на страната на народот и вистината дека станува збор за политичка операција која власта на сила ја турка.

Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка, ние сме на страна на граѓанството тоа е различна страна од Владата која се обидува да го презентира ова како национална тема и како некој бил против правата, но суштината е дека ние сме на страната на она што треба да даде одговор за тоа како Македонија треба да се развива во иднина, вели Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека владиното мнозинството на сила во собранието сака да го помине законот за попис, но како опозиција нема да дозволи и ќе се спротивстави на оваа политичка операција.

Коронавирус