среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 137
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Мицкоски: Попис мора да има, но тој да не биде политички и фалсификат каков што турка власта

Мицкоски: Попис мора да има, но тој да не биде политички и фалсификат каков што турка власта

Ние релевантни показатели во демографското движење, природното движење на населението немаме од 81-та година би рекол повеќе од 40 години, за да бидеме прецизни. Е зошто е тоа така? Затоа што кај нас статистичката операција се политизира што се прави и сега, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5.

Мицкоски, прашува да се каже една земја во светот каде што има врзан потпис на крајот на извештајот, како што тоа е случај со пописот во Република Македонија каде потписот на директорот на Државниот завод за статистика е врзан со потписот на неговиот заменик.

-Кажете ми еден попис во светот каде што има двоен потпис. Овде имаме двоен потпис помеѓу директорот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски смета дека вака како што се турка целата операција за пописот никој нема доверба во него, додавајќи дека попис мора да има и никој не е против тоа, но граѓаните мора да имаат доверба во пописот кој мора да биде статистичка операција а не политичка.

-Суштината е ако вие сакате да има доверба и тука не зборам само за македонскиот народ како најброен народ во државата, туку зборам за другите етнички заедници во државата, вие мора да оставите чувство дека тие луѓе може да ви веруваат. Вака како што се турка целата операција на попис, народот не може да ви верува и потоа се создава едно чувство кај различните заедници, еве гледаме излегоа Србите, Ромите, Турците итн кои што велат ние немаме доверба на оваа операција која што треба да биде статистичка бидејќи се турка политички и затоа велат ајде да го подготвиме пописот да биде вистинска и статистичка операција и да го одложиме за подобро време, рече Мицкоски.

-Јас се согласувам, попис мора да има, не велам дека не треба да има попис ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ни било обврска и ќе ни биде обврска. Но, сега тој вели на крајот од извештајот ќе ставиме двоен потпис, што е ако е само еден потпис, ќе биде поголема довербата тогаш, прашува Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија