понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 88
home Вести

Мицкоски: Понудата на СДСМ е транзициски кадри, ќе ми биде чест заедно со народот да покажеме разлика и да ја поразиме криминалната коалиција СДСМ –ДУИ

Мицкоски: Понудата на СДСМ е транзициски кадри, ќе ми биде чест заедно со народот да покажеме разлика и да ја поразиме криминалната коалиција СДСМ –ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев во Канал 5 телевизија, во врска со понудата за локални избори на СДСМ-ДУИ, истакна дека таа коалиција од власта и нивната понуда која се состои од транзициски кадри и дел од нив лица кои се заглавени до гуша во криминал, ќе биде поразена од коалицијата против корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, заедно со народот ќе покаже разлика и како се работи и се сака државата.

-Две третини од граѓаните во определени општини, вклучително и градот Скопје се незадоволни од актуелните градоначалници на СДСМ и во најголемиот дел тие истите градоначалници се повторени, јас би рекол дека не гледам нови лица кај овие кои прв пат стануваат градоначалници, има таков еден транзиционен политичар како тој во Прилеп, политичар во Струмица, поранешен директор на едно скопско јавно претпријатие кое гледаме дека до гушпа бил заглавен во криминал, во една скопска општина и тоа граѓаните ќе го препознаат на следните локални избори и ќе видат како вистински се работи па можеби и не би ме зачудило и самиот Зоран Заев за четири години гласа за ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе покаже дека не се сите исти и има луѓе кои си ја сакаат државата, а во однос на коалицијата истакна дека истата е коалиција против корупцијата на власт, како и коалиција која има намера да ја води понатаму Владата на Македонија, и да расчисти со сиот криминал којшто се случуваше последниве четири години.

-Коалицијата против корупција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива на господинот Села и господинот Гаши ќе ве порази вас и сите останати бидејќи сте до гуша заглавени во криминал господине Заев, му порача Мицкоски во денешниот дуел.

Локални избори 2021