четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Мицкоски: Политиканството на СДСМ е вклучено на најако, го гушкаа ГТЦ, ветуваа мораториуми, а сега се кријат- јас сум да си се прашаат граѓаните за зградите во Центар

Мицкоски: Политиканството на СДСМ е вклучено на најако, го гушкаа ГТЦ, ветуваа мораториуми, а сега се кријат- јас сум да си се прашаат граѓаните за зградите во Центар

Ова со градба на згради во Центар е политиканство, игра на власта. Тие беа тие што го гушкаа ГТЦ и сега меѓусебе си имаат некој внатрепартиски препирки, тепачки. Да видиме како ќе ескалира, дали ќе има одобрение за градба, дали нема да има одобрение, дали инвеститорот ќе почне да гради“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека според него за еден вид на ваква градба треба да се прашаат граѓаните, треба тие да одлучат дали да се гради или не.

„Она што јас го подржувам е инвеститорот да си ги праша граѓаните односно Општината да си ги праша граѓаните, соседите. На таа работа граѓаните треба да се изјаснат што мислат. Тие ќе бидат најзасегнати. И тоа е начинот како да се реши оваа работа“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако мнозинството од граѓаните решат да се гради нека се гради. Ако пак мнозинството реши да не се гради, не треба да се гради.

Најнови вести

Коронавирус