понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

Мицкоски: Политичарите од власта без одговор на проблемите за иднината, не враќаат во минатото

Мицкоски: Политичарите од власта без одговор на проблемите за иднината, не враќаат во минатото

Иднината мораме да ја гледаме во обединета Европа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување на Клан телевизија во емисијата ”За кавгите и аргументите”.

Мицкоски посочи дека оние политичари кои го враќаат народот назад во минатото значи дека немаат визија за иднината.

-Да се образуваме надвор доколку сме компетативни. Да носиме што повеќе знаење од надвор внатре во Македонија, да носиме фабрики. Да ги модернизираме нашите ниви полиња за да имаме напредно земјоделие. Да го развиваме туризмот и културата. Да се почитуваме едни со други и да работиме заедно. Тоа е суштината ако сакаме да бидеме успешни. Ако ние коментираме наметнати теми кои што немаат подлога да изртат, оти да пирејот колку и да го газиш тој повторно ќе изрти. Тогаш ние немаме потреба да збориме за иднина. Да се вратиме тогаш еден, два века наназад и да останеме таму зачмаени, рече Мицкоски и додаде:

„Луѓето кои немаат одговор за проблемите на иднината посочи тој, не враќаат назад во минатото. И на тој начин мислат дека ќе ги задржат своите привилегии стекнати во политиката, бидејќи не знаат друго да работат. Јас повеќе би сакал да говорам за иднината и да ги решавам проблемите кои ќе доаѓаат во иднината на било кој план. Само така можеме да бидеме успешни. Ова не го зборам само реторички, ова и го мислам и така ги воспитувам моите два сина. Оној кој што наоѓа решение на проблемите тој е успешен човек. А ние сега создаваме проблем каде што го нема. Не верувам во менување на границите, особено не во 21-от век кога границите се јасно зацртани, а плус и кога Македонија стана дел од НАТО Алијансата“.

Коронавирус