четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Појдете да видите во какви услови учат децата во Тетово

Мицкоски: Појдете да видите во какви услови учат децата во Тетово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Економски магазин„ зборуваше за условите во кои учат учениците во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

-Погледнете во Тетово што се случува. Се сеќавате 2018-та години кога министер за образование и градоначалничката кажуваа дека се реновира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ дека биле обезбедени средства, па не знам што. Појдете да видите каде учат тие деца денеска, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во врска со гимназијата во Тетово рече дека министерот за образование ги излажал граѓаните и за таа негова политичка лага денеска никој не одговара, односно никој не одговара за трошење на државните пари, на парите на граѓаните.

Коронавирус