сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 7
home Вести

Мицкоски: Подготвени сме да ги подржиме реформите кои се важни за европската агенда затоа што ни е важно Македонија да успее

Мицкоски: Подготвени сме да ги подржиме реформите кои се важни за европската агенда затоа што ни е важно Македонија да успее

Во „Отвореното студио“ на телевизија Алфа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата на власта за неконструктивност на опозицијата.

Имено Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено со власта да седне на маса и да разговара за сите реформи кои неопходни за ЕУ агендата, за Македонија да напредува во ЕУ агендата и да добие датум за преговори без разлика дали на чело на владата е тој или Зоран Заев.

-Повторно сега опозицијата им е виновна. Еве веднаш да ја разбиеме и таа тема. Подготвени сме како опозиција, заедно со владата да седнеме на маса, да разговараме за сите реформи кои што се неопходни во ЕУ агендата, да Македонија понатаму напредува, да добие датум на преговори, не е битно дали владата ќе ја води Заев, дали ќе ја води Мицкоски или некој трет, битно е Македонија да успее, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави на располагање сите свои капацитети човечки во рамките на тие преговори со владата, да го акцелерираме тој процес за да може на крајот на денот Македонија да успее. На граѓаните тоа им е важно, не им е важна суетата на Заев дали била голема, па сеа не бил способен тоа да го направи па сега ќе играме игра на обвинувања или пронајди го виновникот. Па Мицкоски бил виновен или опозицијата. Еве да ја тргнеме таа димна завеса им стоиме на располагање за се што е неопходно, а е поврзано со реформите со ЕУ агендата, вели Мицкоски.

Најнови вести