сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Мицкоски: Победата на 21 април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 мај, голема победа на 5 мај!

Мицкоски: Победата на 21 април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 мај, голема победа на 5 мај!

На 21 април победува професорката Гордана Силјановска Давкова заедно со ВМРО-ДПМНЕ и македонската опозиција, порача вечерва од Куманово Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вели, за да си ја вратиме татковината која што си ја сакаме на вистинската патека, победата на 21 април нема да биде доволна, потребна ни е победа на 5 мај, голема победа на 5 мај, а потоа како што кажа идниот претседател на Република Македонија Силјановска Давкова ќе му дадеме шанса на господинот Заев да распише предвремени парламентарни избори.

На тие предвремени парламентарни избори јас го гледам резултатот, најголемата политичка коалиција во независна Македонија ќе ја добие рекордната поддршка од граѓаните. Тоа е она што и треба на Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој потсети и на вчерашниот инцидент во Општината Демир Хисар кога митингот на опозицијата беше тајно сниман од општинската зграда.

-Вчера во Демир Хисар не снимаа им ја честитавме новата 1949 година, од општината. Еве ќе им кажам. Ние овде, тука што не гледате но и тие стотици илјади низ Македонија, сме многу поразлични од врхушката на СДСМ. Ние сме за Македонија, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Коронавирус