петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 73
home Вести

Мицкоски побара средба со Иванов и Заев – темата ќе биде капитулантскиот договор за името

Мицкоски побара средба со Иванов и Заев – темата ќе биде капитулантскиот договор за името

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име и ќе се спротивстави со сите демократски и правни средства против овој капитулантски договор, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, работата во моментот е пресериозна и сите политички субјекти имаат обврска кон Република Македонија и граѓаните.

-Затоа побарав итна средба со претседателот на државата, Ѓорге Иванов кој предводи една од институциите која е дел од државноста и интегритетот на државата и каде што ќе разговарам за ова суштинско прашање. Воедно, ја користам оваа прилика да побарам и средба со премиерот Зоран Заев на кој очекувам да ми биде доставен пишаниот документ, односно, она за што се согласил со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, рече Мицкоски.

Додаде дека партијата останува со граѓаните и со Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на интересите на Македонија и на сите вас, потенцираше Мицкоски.