сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: По трет пат Заев вели дека ја разбрал пораката од народот, а тендерите во РЕК и понатаму врват, Ден Дончев во бегство, а Вице испорачува список по фирмите

Мицкоски: По трет пат Заев вели дека ја разбрал пораката од народот, а тендерите во РЕК и понатаму врват, Ден Дончев во бегство, а Вице испорачува список по фирмите

Зоран Заев вели дека доколку загубел на овие избори во Скопје и другите места низ државата ќе си заминел од местото премиер. Јас велам на 31-ви октомври да му помогнеме да се случи тоа. Излезете и гасајте за промени. Излезете и додека заокружувате зад параванот не заборавајте дека вие сте силата која може да се избори за промени. Не заборавајте и на тешкиот живот, на трговијата со идентитетот која ја прави Заев, за таа неправда кога министрите на државна сметка тераат луксузи додека народот се дави во сиромаштија, на ветувањата за живот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со граѓаните во општина Демир Хисар.

Мицкоски потенцираше дека волкот влакното го менува но карактерот не, исто како Заев кој вели дека ја разбрал пораката на народот, но тендерите во РЕК Битола и понатаму врват, како и дека Ден Дончев е во бегство, а Вице испорачува списоци по фирми.

-Волкот влакното го менува, но карактерот не. Многупати порано кога ве гледал во очи и ве лажел, и денес лаже кога вели дека ја разбрал пораката од народот. По трет пат, го вели тоа и продолжува по старо. Ја разбрал пораката, ама СИ врват тендерите за РЕК, врват и договорите за службени ручеци и кафеани. Ја разбрал порака од народот, но од рекетот не дознавме каде завршиле парите, ја разбрал порака ама не рече дека ќе го врати Ден Дончев кој го пушти да избега во Австралија, со торби полни кеш, народни пари, ја разбрал пораката, но, и понатаму за Рашкоски вели дека е чесниот. Ја разбрал пораката ама батето и денес оди од фирма во фирмите и презентира список со барања од секоја фирма поединечно, истакна тој.

Коронавирус