петок, 14. мај 2021. Вести денес: 13
home Вести

Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата, потребен е стимул за овие компании

Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ индустријата и недостасува поддршка од владата, потребен е стимул за овие компании

Имавме денеска навистина успешна и плодна би рекол и многу поучна средба со луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и секогаш е задоволство да се разговара со овие луѓе. Она кое што можев да го забележам од средбата се импресивните бројки кои што во услови на корона пандемија, во услови на криза оваа комора ги остварува, односно членките на ИКТ индустријата ги оствариле во 2020 година, изјави денеска Христијан Мицкоски по средбата во МАСИТ.

– Обратот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади кои што се во моментот и сите овие бројки се споредено со минатата 2019 година во раст би рекол двоцифрен 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот кои што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот кои што го оствариле некаде околу 12 ипол милиони евра, значи сериозна бројка која што влегува во буџетот. Но, она кое што недостасува е соодветната клима и поддршката од страна на владата и исполнување се разбира на ветувањата кои што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи итн, истакна тој.

Мицкоски посочи дека потребно е да се стимулираат овие компании, потребно е да се стимулираат,и дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од предизборната кампања.

– Она кое што го гледаме денеска од владата е се само не дигитализација, бидејќи често пати од нивна страна беше најавувано, ниту пак има некаков почеток по тоа прашање. Но, како ВМРО-ДПМНЕ во иднина сериозно ќе работиме затоа што сум длабоко убеден и како инженер и еве би рекол како универзитетски професор, дека општество кое што нема да биде дигитализирано се доведува под знак прашалник и неговото постоење како такво општество. Уште еднаш благодарам до претседателката и до луѓето кои што се дел од МАСИТ Комората за денешниот состанок и за сето она кое што денеска беше разговарано, додаде тој.

Коронавирус