недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

Мицкоски по средбата со Пендаровски: Не барам милост и амнестија, барам ПРАВДА за осудените за 27-ми април!

Мицкоски по средбата со Пендаровски: Не барам милост и амнестија, барам ПРАВДА за осудените за 27-ми април!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претседателот Стево Пендаровски.

Во изјава по средбата, Мицкоски истакна дека разговарале за политичката и економска состојба во Македонија, како и за настаните од 27-ми април 2017-та година.

-Наидов на разбирање од претседателот Пендаровски, она кое што е реалност поврзано со настаните од 27-ми април е тоа што основното човеково и уставно загарантирано право на жалба и второстепена судска одлука на лицата кои што се осудени, во моментот е завршена и за жал најголем дел од нив ја немаат добиено одлуката за да можат да искористат вонреден правен лек и врз основа на новите информации кои ги имаат адвокатските тимови, да го достават до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права, рече тој.

Мицкоски порача власта да ги тргне рацете од судиите и обвинителите за тие да судат според закон и Устав.

-Тоа што јас го барам и го кажав на оваа средба не е милост и амнестија, туку за правда преку дополнителни докази кои бранителите на овие лица же можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд до човекови права. Не постои основа овие луѓе да бидат обвинети за терористичко однесување или напад на уставниот поредок на државата, истакна Мицкоски.

Со Пендаровски зборувал за загрижувачкатан состојба со криминалот и корупцијата, како и за повеќе други теми.

Изјавата која ја даде по средбата, можете да ја погледнете во видеото во продолжение:

ЕУРО 2020

Македонија