недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски по средбата со Пендаровски: Додека не видиме дека е претседател на сите граѓани, ги замрзнуваме односите со него

Мицкоски по средбата со Пендаровски: Додека не видиме дека е претседател на сите граѓани, ги замрзнуваме односите со него

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после средбата со претседателот Стево Пендаровски истакна дека од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски додека не видат, како што вели, дека истиот е претседател на сите граѓани.

-По она што денес се случи, а тоа е неуставно доделување мандат на пратеник, кој нема докажано мнозинство во рамки на парламентот, имавме средба со претседателот Стево Пендаровски. По час и половина дискусија, заклучивме дека денеска Зоран Заев изразил уверување дека ќе работи на создавање паралементарно мнозинство, рече Мицкоски по средбата.

Мицкоски обвини дека Пендаровски брутално ја привитазираше позицијата претседател на државата.

-ВМРО-ДПМНЕ не го дискутираше мандатот на Пендаровски, напротив. Од моја страна изразив забелешки за неговото работење, особено за време на вонредната состојба за институционален поткуп на овие избори. Истовремено како се менуваше Изборниот законик на ден пред почнување на изборната кампања со што СДСМ беше фаворизирана. Истото денес го стори Пендровски со доделување мандат на лице кое нема во моментов парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со Стево Пендаровски и ќе ги преиспита политиките кои ќе ги води во однос на кабинетот. За жал, се приватизирани институциите за личен и партиски интерес, рече Мицкоски.

Пендаровски му кажал дека Заев го уверил дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство, но според Мицкоски тоа не е доволен доказ за доделување на мандатот.
-Како аргументи претседателот рече дека Собранието е конституирано, ги наведе примерите од 2006 и 2016 година и тоа дека добил уверување дека Заев ќе обезбеди мнозинство, рече Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој изјави дека ова е направено со цел купување време. Повтори дека нови парламентарни избори се можни, но, вели, се уште не се исцрпени сите опции за фомирање влада.

Имаат забелешка, рече, зошто се брза да се додели мандатот на пратеник кој што уверил дека ќе работи на созадавање парламентарно мнозинство.

Деновиве, најави Мицкоски, ќе информираат за сите потези кои ќе ги преземат како колаиција.

Коронавирус