четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: По победата на 5-ти мај ќе следат предвремени парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со народот ќе ја формира идната влада

Мицкоски: По победата на 5-ти мај ќе следат предвремени парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со народот ќе ја формира идната влада

По победата на 5-ти мај ќе следат предвремени парламентарни избори, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со народот и со коалицијата за подобра Македонија ќе ја формира идната влада, со овие зборови вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го започна  митингот во Гевгелија.

-Вчера народот му го испорача одговорот на Стево Пендаровски и Зоран Заев, онаа слика и полупразните улици каде што требаше да говори Пендаровски и Заев е вистинската порака што ќе се случува на 21 април, а потоа и на 5-ти мај. Ги очекува пораз како никогаш досега. Она што е пострашно се нивните лаги и манипулации кои продолжуваат, оваа мала група на измамници продолжува да манипулира со граѓаните во Република Македонија, па така вчера Заев изјави дека бил бетониран идентитетот, не само што бил туку тој бил и зајакнат со арматура и таа порака ми ја пренесе мене да сум знаел, не можам да не го коментирам ова. Истиот тој Заев не така одамна заедно со она негово ново другарче пред зградата која треба да биде симбол за идентитетот, пред зградата на Влада не ја построи македонската гарда, не го донесе воениот оркестар да ја интонира македонската химна, се срамуваше да слушне дека „денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“. Истиот тој Заев додека ме гледаше во очи и на моето прашање на кој јазик зборуваат луѓето од Северна Грција, а е различен од грчкиот се потеше, се срамеше, се препелкаше, му беше срам да изусти дека тоа се Македонци кои што говорат македонски јазик, пеат македонски песни, македонскиот премиер се откажа од македонското малцинство во соседните земји, вели Мицкоски.

Тој додава дека човекот кој се откажал од се, нас ни вели дека го зачувал македонскиот идентитет и дека тој бил бетон зајакнат со арматура.

-Како кула од карти му се урна, нема право да зборува за чест, достоинство и идентитет и овој човек нема право да ги погледне граѓаните на Република Македонија во очи без разлика дали тоа се Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи, Албанци, бидејќи тие луѓе си ја сакаат оваа татковина, вели Мицкоски.

Целиот митинг се уште е во тек и можете да го погледнете во продолжение: