петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мицкоски: Пендаровски за пуста власт го изгуби личниот интегритет

Мицкоски: Пендаровски за пуста власт го изгуби личниот интегритет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ТВ Стар оценува дека кандидатот за претседател на СДСМ, за пуста власт го изгуби личниот интегритет.

-Ако имате влада која доживеа пораз на референдумот, имаше неуспешен референдум. Влада во која што е поразен владиниот кандидат, поддржан од хотел коалицијата е 102,5% ист како Зоран Заев, тогаш логично се наметнува прашањето, а согласно законот, дека ние треба да имаме предвремени парламентарни избори. Бидејќи оваа Влада го изгубила кредибилитетот на сопствените политики. И тогаш треба да дојдат некои ноби политичари, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е повеќе од сигурен дека Пендаровски ќе биде поразен во недела.

-Пендаровски го изгуби личниот интегритет, за жал, за таа пуста власт, порача Мицкоски.

Коронавирус