среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 2
home Вести

Мицкоски: Партијата ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања, тие да се инвестираат во тетовското училиште, со свои сили и средства ќе водиме кампања

Мицкоски: Партијата ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања, тие да се инвестираат во тетовското училиште, со свои сили и средства ќе водиме кампања

Партијата ќе се откаже од владините средства за референдумска кампања, тие да се инвестираат во тетовското училиште, со свои сили и средства ќе водиме кампања. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку својата Фејсбук страница.

Неговиот статус го пренесуваме во целост: 

Поттикнат од дебатата која се отвори за користење на средствата за кампањата за референдум, кој се однесува за договорот со Грција, а притоа потребно е да се разграничи дека и покрај сите отворени манипулации и несериозни спинови, престои кампања за договор со нашиот јужен сосед, а не за членство во ЕУ или НАТО, што е сосема друга тема, сакам да истакнам дека на Македонија повеќе од кампања и се потребни инвестиции, во образованието, младите, економијата, здравството, земјоделието… бидејќи во прашање се околу 80 милиони денари, пари на граѓаните кои власта, владата и парламентарното мнозинство во Собранието ги наменуваат за референдумската кампања.

Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, доколку постои можност делот од средствата кои се потврдени за ВМРО-ДПМНЕ да се пренамени и истиот да се донира за да се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, доколку постои правна пречка за тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од делот за средствата и јавно ќе побараме истите средства да се вратат во буџетот, и ќе побараме владата да ги инвестира токму во ова тетовско училиште.
ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наогајќи потпора во народот, кој е столбот и вистинскиот извор на власт и легитимитет во оваа земја, пред се одејќи од врата на врата, од дом во дом, во маалата, градовите, селата, ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинираме конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, истиот ќе биде соопштен на граѓаните.

Сопственик на оваа држава е народот, а ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.
Лицемерно е да се вели дека било кој е за напредок, за инвестиции и подобар живот, а кога треба да се троши за кампања за договор кој во својата суштина е штетен, не се жалат ниту средства ниту ресурси, додека се останато се запоставува.
Јас го одбирам образованието пред скапите кампањи.
Јас ја одбирам Македонија и ќе се борам за нејзината иднина!

Коронавирус