сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција изрази сериозна загриженост за пакетот мерки за стопанството за помош од последниците на пандемијата со коронавирусот, оценувајќи дека со него кризата ќе се продлабочи.

Според него, оваа помош е далеку од доволна и задоцнета.

– Целиот пакет не е вистински и не е доволна помош, рече Мицкоски, кој направи споредба со помошта што соседните земји ги нудат на нивната економија.

Тој анализираше дел од мерките на Владата, но исто така и најави дека тие преку нивните претставници во Владата ќе достават предлог мерки и ќе бараат тие да бидат дебатирани и прифатени.

На прес-конференцијата тој презентираше дел од овие мерки што ќе ги достават до Владата.

Прес конференција

Прес конференција 31.03.2020

Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 31. März 2020

 

Најнови вести

Коронавирус