четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мицкоски: Овие избори се одлука за крај на лагата, за крај на неисполнетите ветувања

Мицкоски: Овие избори се одлука за крај на лагата, за крај на неисполнетите ветувања

Овие избори се одлука за крај на лагата, за крај на неисполнетите ветувања, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Ресен.

-Ќе речат дека одиме напред. Какво напред, какви бакрачи? Одиме напред само по една работа, по нивото на корупција. Само по тоа одиме напред. Први во Европа, златна медаља имаме. Врват камионите во РЕК Битола, врват тендери во 4 очи, се трансферира бизнисот во една соседна држава. Се бега од овде, се чистат и бегаат. Знаат дека ќе изгубат. Затоа побрзаа со пресудата што ја обзнанија вчера. Знаат дека после 21-ви април во Македонија веќе нема ништо исто да биде, порача Мицкоски.

Мицкоски им порача на дека нема да имаат мирна политичка пензија додека не се соочат со законите кои ќе го казнат сиот криминал.

-Да излеземе на улиците, да тропнеме на портите на нашите сограѓани, да поразговараме со колегите и роднините. Да им ја пренесеме нашата вистина за Македонија. Ајде да работиме заедно, да се сплотиме и обединеме, да си бидеме потпора и поддршка. Ве молам од мое име и од името на Македонија. Победуваат само мотивираните и храбрите, а овде во Ресен само такви луѓе гледам, чесни и мотивирани да победат. Ајде заедно да ја донесеме правдата за Македонија, да изгрее зората и да ја донесе правдата во Македонија, порача Мицкоски.

Коронавирус