сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ова што сега се случува не е планот А на ВМРО-ДПМНЕ, туку планот на Заев за промена на името

Мицкоски: Ова што сега се случува не е планот А на ВМРО-ДПМНЕ, туку планот на Заев за промена на името

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва е гостин во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ. Тој запрашан од Лирим Дулови, за плановите на ВМРО-ДПМНЕ, одговори дека неговиот план сигурно не би бил ваков туку би бил многу подобар.

-Често пати ме прашуваат план А, план Б, ова не е планот А на Христијан Мицкоски, не бил планот А на претходникот на Христијан Мицкоски, ниту на Бранко Црвенковски, ниту на Љубчо Георгиевски, ниту ни Киро Глигоров. Ова е планот А на Зоран Заев, него треба да го прашате дали има план Б. Ако бев јас тој кој што ќе го градеше планот А, вака немаше да го изградам сигурно, ќе направев многу подобар договор, изјави Мицкоски.