понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ова што сега се случува и го гледаме е најлошата Влада на Македонија од осамостојувањето до денес

Мицкоски: Ова што сега се случува и го гледаме е најлошата Влада на Македонија од осамостојувањето до денес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, ја оценува Владата на СДСМ како најлоша Влада која Македонија ја имала до сега.

-Секојдневно имам комуникација со гражаните на Република Македонија. Граѓаните се масовно разочарани од политиките кои што ги води Владата на СДСМ во било кој план дали во економијата, меѓународен план, реформите кои ги ветуваа во 3-6-9, дали од безбедноста, се случуваат грабежи и неразјаснети убиства…. Она што за нас е посуштински е тоа дека последиците ќе останат и после тоа. Ние треба да најдеме начин да се справиме со истите и да ги менаџираме. Тоа е суштината на која ние сме сега фокусирани. За тоа ни треба правилна навигација  и од гражаните, од бизнис заедницата, од сите останати целни групи кои ги комуницираме, за да може да определиме соодветни политики кои ќе дадат одговор на таа навигација.Се со цел да го направиме животот на нашите граѓани покомфортен, поудобен, поквалитетен. Ова што сега се случува е политика на најлошата Влада на Република Македонија од нејзиното осамостојување до денес. За жал. Иако дојдоа со голема помпа, со големи ветувања, сепак ова фијаско што се случува во Македонија ќе остави огромни последици што не гледам дека во иднина лесно и едноставно ќе се справиме со нив

Оптимист е дека следната влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека се надева на предвремени парламентарни избори.

Но вели дека за да се случи враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, мора да има фер и демократски избори, потсетувајќи ја јавноста на немилите настани кои се случуваа во текот на изборната кампања и изборниот ден за време на локалните избори.

Коронавирус