петок, 4. декември 2020. Вести денес: 38
home Вести

Мицкоски: Ова што денес го гледаме е како ја губиме државата и таа ни оди назад

Мицкоски: Ова што денес го гледаме е како ја губиме државата и таа ни оди назад

Ова што денеска го гледаме е како нас државата практично ни оди назад. Ја губиме државата, тоа е суштината во сите овие критики кои што ги упатувам на протестните маршеви, но и овде во Струмица и ќе продолжам тоа да го правам во другите градови во Република Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Алфа телевизија при неговата посета во Струмица.

Мицкоски потенцираше дека власта треба на проблемите треба да им гледа во очи, наместо да се тапкаат по рамо дека се е супер кога реалноста е сосема спротивна и да го пуштаат портпаролот пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ или на говорница од СДСМ.

– Еве од тука од Струмица упатувам една порака нема да имаме економски бум во 2019 година, напротив послушајте еднаш што ви говориме, лошо ја водите работата ја губиме државата, економијата ни тоне народот е разочаран, луѓето се иселуваат, нема реформи, се што ветивте ништо не исполнивте ајде да седнеме конструктивно да работиме за да можеме да обезбедиме подобар живот за граѓаните, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не очекува неговите совети да се прифатат гледајќи го карактерот на политичарите околу Зоран Заев, но порача барем еднаш да се одважат и да прифатат совет, бидејќи реалноста е дека државата ни тоне.

Треба да сме чесни и искрени и да кажеме, очекувам дополнително назадување и дополнително економско фијаско поради сите оние параметри кои што ги имаме на увид, а кои што ќе бидат навигација и влез за следната 2019 година.

Тој на крајот додава дека според реакциите кои секојдневно ги добива од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го порази СДСМ на следните претседателски а потоа на предвремени или редовни парламентарни избори.

Коронавирус