сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 96
home Вести

Мицкоски: Ова е неповторлива шанса да се матира Заевизмот кој го гуши секое парче слобода на овој простор

Мицкоски: Ова е неповторлива шанса да се матира Заевизмот кој го гуши секое парче слобода на овој простор

Од овде, од Охрид ги почнуваме сите наши битки и патишта, тука е почетокот на сите наши премрежја на сите мегдани. Традиционално од Охрид, градот на историјата, на љубовта, на верните луѓе, луѓето кои ја сакаат својата татковина. Градот каде што Бог не штедел на убавините и богатата природа, местото кое на Македонија, но и на светот му ги даде СВ Климент и СВ Наум, градот на големиот Прличев, местото каде живее пркоста на Методиј Патчев, се слави самопрегорот на Христо Узунов, сè уште се пеат стиховите на Абраш: „Црвено е небото в зори што се смее, црвено е знамето гордо што се вее;  И гневот е црвен на стари и млади”.

Со овие зборови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор на митингот кој вечерва се одржува во Охрид.

-Гневот е голем, навистина голем од она што и го направија на Македонија. Затоа време е за акција. Во Охрид се слушаат татнежите на Петар Чаулев и на голем број Македонци. И не за бадијала го кажувам ова, не за бадијала потсетувам на нивните дела и заслуги за нашата земја, бидејќи секое од овие имиња нас длабоко не обрзува, и затоа ние се поклонуваме пред нивните имиња и почитуваме нивните нивните дела, се она за што се залагале, се бореле и за сето она за кое ги посветиле своите животи. Прашањето е што е тоа, одговорот секој го знае. Тоа е Македонија, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Охрид за кампањите на ВМРО секогаш бил почетокот, а крајот на 21-ви април овој пат ќе биде пат за победа, крајот, посочи Мицкоски, ќе биде победа.

-Ќе победиме затоа што ја носиме вистината, ќе победиме затоа што овој плоштад е преполн со срца кои треперат, со души во кои пламти оганот за Македонија. Ќе победиме бидејќи треба правда, ова е нашата борба против неправдите, борба против злото кое денес ги преокупира нашите животи. Оваа наша битка денес нè обликува и нè дефинира. Има работи во животот за кои вреди да се бориш. Ова е тоа време, ова е таа наша борба, ова е борбата на нашата генерација, борбата по која ќе се паметат храбрите, мотивираните и одлучните.  Ова е борбата за иднината на Македонија. Ова не се само локални и претседателски избори. Ова се избори каде се одлучува за Македонија и нашата иднина, иднината на вашите семејства, ова е борба за правда, принципи и вредности.  Ова е шанса за исправање на сите неправди сторени кон нашата татковина, кон вас, кон вашите блиски. Ова е неповторлива шанса да се матира Заевизмот кој го гуши секое парче слобода на овој простор. Овие избори ќе дадат одговор на прашањето ќе нè биде или не, како земја, како Македонија, а мора да нè биде, порача Мицкоски.

Тој порача дека најголеми се оние победи кои се извојувани со мудрост и решителност.

-Со едноставна одлука, да имаме победа над Заевизмот со гласачко ливче. И таква решителност ни треба на 21 април и 5 мај каде со вашата одлука влијаете на иднината. Ве молам да внимавате нема простор ниту повеќе време за губење, ниту пак време за продолжена надеж дека ќе направат било што добро. Ајде да ги поразиме и да ги испратиме на темната страна на историјата, рече Мицкоски.

Коронавирус