сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Мицкоски: Освен ниско ниво дебата и лаги ништо не видовме од Заев

Мицкоски: Освен ниско ниво дебата и лаги ништо не видовме од Заев

Ова кое денеска го слушаме од Заев се флоскули од пред 4-5 години, лични, навреди, квалификации многу ниско ниво, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски коментирајќи го настапот на Зоран Заев на вечерашниот ТВ дуел на 24 телевизија.

– Позитивната кампања на Заев ја видовме на дело, освен лични навреди, квалификации, лаги друго ништо не слушнавме од Зоран Заев, така да се надевам дека ќе извлече поука за некои следни соочувања ќе биде поконкретен, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека Зоран Заев во недостиг на аргументи мора да се служи со квалификации и ниско ниво на дебата бидејќи во изминатите три години владата на СДСМ апсолутно ништо не сработи, ниту подобар живот донесе, ниту правда и мир, туку неправда и Луј витон куферчиња и „трас трас“ судски пресуди.

Парламентарни избори 2020